top of page
About

За Нас

Церес Дооел е основана во април 1997 како претпријатие за увоз, трговија и дистрибуција на пневматици. Од самото свое основање Церес е авторизиран увозник и дилер на италјанските пневматици Pirelli за македонскиот пазар.

Во текот на пoнатамошното работење гамата на брендови за увоз се зголемуваше така да денеска Церес е увозник на скоро сите познати брендови на пневматици.

Во своето 25 наскоро 26 годишно работење Церес се разви во една од водечките фирми за увоз и трговија на пневматици во Македонија. Како резултат на тоа во 2011 година Церес го отвори еден од наголемите сервисно-продажни центри за гуми во Македонија СКОПЈЕ ГУМА , кој е лоциран на Ул. 1 Бр. 1 Усје на самата пруга кај цеметарница Усје. Сервисниот центар е со површина од 1,200м2 и располага со најсовремени машини за одржување на возилата: ласерски апарат за центрирање предница, демотерки, балансерки, три дигалки, апарат за полнење на гумите со азот.

Гумите складирани во магацинот се искладиштуваат по принципот first in first out што значи дека гумите кои први влегле први се искладиштуваат со што не се дозволува во магацинот да останат гуми со постар датум на производство.

Церес е сертифициран со стандардот ISO9001:2008 со што се потврдува квалитетот на услугите на неговото долгогодишно работење и професионално искуство. Во портфолиото на Церес се голем број на стопански претпријатија, државни институции, транспортни фирми кои вршат меѓународен и внатрешен транспорт, градежни фирми итн. Гума за секое транспотрно сретсво и градежна машина, по најповолни цени е нашата формула за успех.

Нашето мото во Церес е:
Задоволството на нашите клиенти е најголемо задоволство за нас.

bottom of page